Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ветуваше зеленило, а прави пустелија.
По сечење на дрвата во повеќе скопски општини, на ред дојде и Аеродром.
Денес, во недела, и тоа среде лето, се сечеа дрвата на улицата „Коста Новаковиќ“ која се спојува со „Трета Македонска бригада“ кај маркет Тинекс.
Жителите, оправдано, се револтирани бидејќи и ветувањето за зеленило кое им го даде Шилегов пред изборите, испадна голема лага.