Сајтот „Кариер билдинг“ направи студија во која учествувале околу 9.000 работници. Идејата била да се испита дали хороскопскиот знак има некаква врска со успехот во работата и финансиската состојба.
Резултатите се интересни.
Среќата што ги прати храбрите, исто така, ги следи и Скорпиите, Лавовите, Биковите и Раковите. Истражувањето покажало дека тие најчесто заработуваат над 100.000 долари годишно. Според американскиот стандард, тоа е исклучително добра ситуација.
Но, постои и друга страна. Податоците покажале и кои знаци најчесто се „шворц“. Тоа се Јарецот и Водолијата кои најчесто заработуваат под 35.000 долари.