Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нарече Европската унија „непријател“ на САД.
Во интервјуто за Си-Би-Ес, направено во Шкотска, Трамп рече дека смета оти САД имаат „многу непријатели“ меѓу кои и блокот европски држави, „кои се меѓу најблиските сојузници на САД“.
– Мислам дека ЕУ е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на ЕУ, но таа е непријател, рече Трамп.