4.8 C
Skopje
Sunday, February 16, 2025

Поучна приказна: Млада жена доби лекција за животот од бабичката што продава цвеќе на пазарот

На старото место на влезот од еден пазар седела една стара бабичка и продавала цвеќиња.

Таа имала 85 години и долго време го работела тоа. Околу нејзините нозе биле расфрлени букети свежо цвеќе и листови од дневни магазини.

Продавачката на цвеќе постојано се смешкала, а нејзиното старо, избрчкано лице зрачело со некоја внатрешна радост.

Една млада жена што поминувала оттука земала еден букет и без многу размислување ја прашала старицата.

„Денес изгледа сте многу среќна?“

„Зошто да не. Сè е добро, зарем не?“

Бабата била многу стара и сиромашно облечена, па овој одговор ја изненадил младата жена и таа ѝ се обратила на бабата:

„Па вие седите тука со години и во најтоплите и во најстудените денови сте на отворено, а секогаш сте насмеана, изгледа дека добро се носите со сите свои неволји…“

„Па не можете да ги доживеете моите години, а да немате неволји. Годините и неволјите секогаш одат заедно“, ѝ одговорила бабичката и со тоа и дала моќна лекција за животот на младата жена

Извор: Црнобело

поврзани објави

Последни објави