3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на Зоран Заев е недржавно, немакедонско и срамно!

Однесувањето на Зоран Заев е недржавно, немакедонско и срамно. Зоран Заев не само што не го интересира одбраната на националните интереси и мислењето на народот, туку не го интересира ниту заштитата на македонските светости за кои се жртвувале претходните генерации. Зоран Заев не го интересира ниту која држава ќе им ја остави на идните генерации, а се колнеше во нив, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и владејачкото мнозинство своеволно и свесно ги кршат Уставот, законите и процедурите со цел по секоја цена да се спроведе капитулантскиот договор за промена на името. Заев непринципиелно го поистоветува влезот на државата во НАТО и ЕУ со промена на Уставното име, иако од самите институции му е укажано, дека всушност се потребни вистински реформи. СДСМ ги злоупотребува евроатланските аспирации на Република Македонија за протнување на своите капитулантски политики, барајќи начин како да ги заобиколи сите кои размислуваат спротивно, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта го оневозможува дијалогот и демократската расправа.

-Заев бега од дебата со кршење на правото. Промената на законско утврденото мнозинство за избор на ДИК од 2/3 на апсолутно, без консултација на опозицијата претставува негативен правен преседан кој е исклучиво на штета на демократијата и граѓаните. Зоран Заев ја погази демократијата. Власта сака целосно да ја исклучи опозицијата и секој кој размислува различно од него и врвот на картелот. ВМРО-ДПМНЕ бара целосно почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори и тоа е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен. Зоран Заев и СДСМ не смеат да бидат пречка за демократијата во Република Македонија. Со СДСМ на власт демократијата не е можна. Заев ја сфаќа власта како позиција каде граѓаните не смеат да искажат поинакви ставови. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија мора да оди напред, порачуваат од партијата.

поврзани објави

Последни објави