fbpx
10.8 C
Skopje

ФОТО: Јелена Розга направи спектакуларна забава за промоцијата на новиот албум

АКТУЕЛНО

Во еден од луксузните ноќни клубови во Хрватска, Јелена Розга во Четврток вечерта го претстави својот нов, трет албум „Модерна жена“. Дојдоа да ја поддржат бројни гости и пријатели, а најголема насмевка имаше во прегратката на нејзиниот дечко Стјепан Хаусер.

Концертната промоција на Јелена дојдоа да ја гледаат и поддржат и нејзините долгогодишни соработници, брачниот пар  Хуљич со нивната ќерка Хана, Мирослав Чиро Блажевич, глумицата Катарина Бабан, популарната пејачка Данијела Мартинович и бројни други.

Јелена ја доби поддршката и од нејзиниот бенд кој ја придружуваше и кој помогна овој настан да се претвори во луда и незаборавна журка. Јелена за овој настан ја одбра впечатливата црвена боја за својот фустан. Нејзината соработничка Хуљич истакна дека е особено задоволна и е посебно драго што албумот „Модерна жена“ петта недела по ред е најпродаван во Хрватска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -