3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Храбар статус на млада мајка: Тато има обврска за правење на дете, a јас, здебелена, вода во телото, стрии, киселина, уништени заби…

На сите жени кои раѓале деца низ главите им проаѓаат исти или слични мисли, а една мајка одлучила храбро да напише статус на Фејсбук во врска со таа тема.

“Тато има оврска само за правење на детето. А јас, здебелена, вода во телото, стрии, киселина, уништени заби… Јадеш и солено и благо во исто време, јадеш се што може да се јаде. Косата ти паѓа имаш вода во колената. Те боли вилицата од јадење. Имаш бркови и влакна на стомакот. Исипано лице, нозе, задник… Време за раѓање. Сите ти ставаат раце таму, како да е во прашање тромбола.

Умираш од болка, ги губиш живците… Грбот те боли со години, “таа” станува како растресена стара торба. Се напнуваш и те шијат. Го доиш бебето. Те болат градите, те болат брадавиците. Ти доаѓа млеко, ти пукаат брадавици, пукаш и ти… Не можеш да одиш во тоалет. Менуваш влошки 40 дена. А тато? Па тато е тој кој е задолжен само за правење на деца. Неговот име го пишува во сите документи. Доаѓате дома, не можеш да седнеш, не можеш да легнеш.

Бебето плаче. Не е гладно, не е извалкано. Заедно со бебето добиваш и еден куфер со совети од баби, тетки, стрини, вујни, комшиви… Стануваш експерт за измет, дали е зелено или пак жолто.

Ако не е гладно, тогаш се грчеви во прашање. Носи во раце. Нема за тебе спиење. Јеее, имаме заб. И пак гризање за градите и пак болка на брадавиците.

Бебето е нервозно, плаче. Сака да оди, а не може. Сака да седи, ама не сака… Со една рака го чуваш бебето, а со друга ја закачуваш завесата. Со едно око го гледаш него, а со друго супата да не отиде од тенџерето.

Легнуваш последна, стануваш прва. А тато? Па нели е доволно што е задолжен за правење? Тој е изморен од работа…”

поврзани објави

Последни објави