Ернест Дамјановски е Македонец кој живее и работи во Виена, Австрија. Она по што е и познат на пошироката јавност е неговата способност да им помага на луѓето кои имаат најразлични проблеми со болки во рацете и нозете, болки во `рбетниот столб, најразлични типови на главоболка и проблеми со нервите.
-Се занимавам со местење на нервите по `рбетниот столб (тибетска медицина) како и киропрактика. Ова го работам со години. Моите пациенти се задоволни и имам голем процент на успешност во решавање на нивните проблеми. Започнав да се занимавам со киропрактика додека живеев во Германија. Тоа ми дава дополнителна сигурност и сила во лечењето на моите пациенти, вели Ернест.
Ќе издвојам неколку случаеви кои што сметам дека се интересни за раскажување, моменти кој лично мене ме направија многу среќен.
Жена стара 40 години, со потекло од Грција, 20 години врзана за кревет. Се јави да отидам кај неа и да направам преглед и да видам дали некако можам да и помогнам. Кога отидов кај неа таа и со двете незе беше неподвижна. Правевме секојдневни третмани во текот на 30 дена. Резултатот беше следен:
Жената стана и почна да оди, но мораше да користи помагала. Проблемот кај неа не беше до кичмата или било кој нерв во нозете, таа имаше проблем со центарот на рамнотежа. Таа пациентка досега ми беше најтешкиот пациент.
Работата на Дамјановски сведочи сама за себе. Неговите пациенти отворено зборуваат за своите проблеми, а воедно и за тоа како Ернест им помогнал да се справат со нив, нешто на што е особено горд и среќен.
Марјан Бетински, од Берово, кој работи како професионален возач, раскажува за тоа како Дамјановски му помогнал да застане на нозе.
https://www.facebook.com/edamjanovski/videos/vb.100000700689191/1875754935791178/?type=2&video_source=user_video_tab
Шваба од Виена имал проблеми со `рбетот и колковите, поради што бил принуден да носи патерици. Веќе по 10 третмани, тој повторно може да се движи без помагала.