8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Пејачката Дани ги крена нозете во вис и го поремети нетот (ФОТО)

Уште една македонска фолк пејачка беше на полнење батерии надвор од Македонија. Само што атрактивната  Даниела Темелковска не ги одбра ниту јужните соседи, ниту Бугарија или Турција, па дури ниту Шпанија… туку реши да си ја продолжи летната традиција, па по четврти пат замина на летување на една многу, многу подалечна дестинација.

Таа заедно со сестра и Емилија одново уживаа во убавините на  Доминиканската Република, зашто, како што велат сексапилните сестри, Доминикана нема мана! Затоа на русокосите убавици и не им здосадува, па секоја година  се таму, на преубавите песочни плажи, сино тиркизниот океан и секако, забавата до бесвест.


Крај базенот, со егзотичен коктел, на лежалка, на плажа, Даниела секогаш смела во едноделен костим за капење или секси бикини што ги истакнуваат нејзините облини…


Најпрвин утринска партија шах во која меѓу двете црно-бели кралици, сепак нејзината фигура има најдобра визура.


Опуштена до максимум, Даниела знае како добро да се одмори, ама и уште подобро да се промовира. Фолкерката најде начин покрај  вокалните квалитети, како да ги истакне и долгите екстремитети, нејзиниот заштитен знак и највпечатливи телесни адути.


Легната во лежалка во вид на огромна корпа, превртена наопаку со нозете во вис, Даниела добро знае како од своите обожаватели да извлече бис, иако не е на настап.

Зашто фотографијата на згодната фолкерка одново и одново и одново… ќе ја гледате, се додека не посакате да и дојдете… „Дома“. Таму најчесто пее.

Во меѓувреме, бидете дел од нејзината публика која има прилика да види како уживаа Даниела и сестра и’ во Доминиканската Република.

поврзани објави

Последни објави