ВМРО-ДПМНЕ речиси сигурно ќе успее да ја состави новата влада, на три денови пред истекот на рокот, откако успеале да најдат заеднички јазик со ДУИ, ДПА и Алијанса на Албанците.
Според се уште неофицијални информации, за ова да се случи, ДПА и АА ќе добијат можност нивни членови да бидат потпретседатели, односно Мендих Тачи и Зијадин Села ќе имаат високи позиции.
Се уште не е дефинирано колку и што ќе добие ДУИ, ниту пак дали со сигурност Никола Груевски ќе биде премиер, нешто што самиот тој го најавуваше претходно.