1.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Силјановска: Референдумското прашање мора да гласи „Дали сте за промена на името?

Универзитетската професорка Гордана Силјановска смета дека дека референдумско прашање во стилот „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“?е непрецизно, конфузно и не ја таргетира суштината.

„Ова прашање е непрецизно, конфузно, сугестибилно. На рефрендумот има можност да се постават повеќе прашања одвоени. Комбинациите доволно говорат дека не е така“ вели Силјановска.

Дали сте за членство во ЕУ е едно прашање. Дали сте за членство во НАТО е друго прашање.

Објаснете ми сега што е предмет на консултација со името. Објект на референдумското прашање треба да биде името. Референдумстото прашање треба да ја таргетира суштината. „Рефернумското прашање треба да биде: ‘Дали сте за промена на името’“ рече професорката Гордана Силјановска во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

поврзани објави

Последни објави