Убавината е некогаш благослов некогаш проклетство. Некогашната Мис на Југославија, преубавата Сузана Жуниќ која ја доби титулата во 1988. беше симбол за убавина.
Нејзиниот живот не се одвиваше како што сакаше. Почна романса со хрватскиот фудбалер Игор Штимац кој беше со неа во брак 19 години, а потоа се откри дека таа била несреќна и тој константно ја изневерувал.
Последната негова романса со пејачка беше капка која ја прели чашата и следеше развод.
На Сузана и требаше многу време да се опорави од бракот и разделбата.