И додека граѓаните и очевидци кои се најдоа на местото на страшната несреќа во која животот го загубија три лица од скопско Арачиново обвинуваа за немање соодветно поставена сигнализација, МВР во денешниот билтен јавува дека железничкиот премин бил обележан со поставени сообраќајни знаци.
Според надлежните несреќата во која загинаа Н.Б.(52) во кое како сопатници биле С.Б.(48), З.Б.(79) од Арачиново се случила околу 11,45 часот во неделата кога товарен воз кој се движел на релацијата Табановце-Гевгелија удрил во патничко моторно возило „Голф“ .
На лице место загинале Н.Б.(52), С.Б.(48), и З.Б.(79) додека И.Б. успеал да излезе од возилото и така се спасил без да се здобие со повреди.
Телата на настраданите се предадени на семејствата.
Извор: Фактор