Македонија ќе испрати два авиони за гаснење на пожарите во Грција. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде околината на Атина ја има зафатено огнена стигија каква што не се памети во изминативе десет години, информира агенцијата Макфакс.
„Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош. Чекаме повретен сигнал. Од утрово се спремни два авиони за гасење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да тргнат“, вели Џаферовски за Макфакс.
Прочитајте го целиот напис на Макфакс – ОВДЕ