Норвешката ракометна репрезентација сосема заслужено се избори за пласман во финалето, откако во драматична завршница по продолженија ја елиминираше Хрватска во полуфиналето.
Сепак, многумина воопшто и не знаат дека Норвешка не успеа да избори учество на Мундијалот во Франција, каде се најде откако доби специјална вајлд-карта, по елиминацијата која ја доживеаа од Словенија во баражот.
Во финалето Норвешка ќе ги одмери силите со фаворитот за златниот медал, домаќинот Франција која ја брани титулата, но и славеше на три од последните четири Светски првенства (2009, 2011 и 2015).
Дали специјалната покана ќе се покаже златна или пак само сребрена за Норвешка ќе дознаеме во недела во 17:30 часот.