-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Косово нема да има држава, додека Путин владее со Русија

Се додека Владимир Путин е претседател на Русија и еден од главните и најмоќните луѓе на светот, Косово нема да постои како држава, односно нема да има можност за голем напредок и соработка со многу држави, ваквиот став го изнесуваат поголем број на аналитичари од западот.

Јасно е дека Москва никогаш нема да ја признае независноста на Косово, ниту пак ќе си дозволи да тргнува со поранешната покраина на Србија. тоа не доаѓа во комбинација, ниту кога Путин би требало да добие „соработка со САД“.

„Дури и САД да му понуди огромни поволности на Путин, само да го признае Косово, јасно е дека тоа нема да се случи. Тие мислат дека можат да ни го ветат Крим, но јасно е дека Крим веќе е руски, а не на Вашингтон“, истакнува Игор Пшеничников, советник на директорот на Рускиот институт за стратешки истражувања.

Според голем број на стручњаци, за очекување е САД и Русија односно Трамп и Путин да имаат зближување еден кон друг, но овде не се очекува да бидат вклучени други земји, како во случајот Косово.

поврзани објави

Последни објави