Стравот од пајаци е најчестата фобија од која патат луѓето. Најчесто луѓето се плашат да не бидат укасани од пајакот.
Меѓутоа, науката докажала дека само 10% од каснатините од пајак доведуваат до сериозни проблеми и дека тие опасни каснувања не се случуваат од нашите домашни пајаци кои само сакаат да се прошетаат низ нашиот дом и да пронајдат згодно место за улов.
Истражувањата покажуваат дека пајаците всушност се одлична помош во домот, бидејќи тие како природни предатори ги ловат сите останати инсекти во вашиот дом, вклучително и инсектите кои пренесуваат болести.
Па така пајакот без проблем ќе ве спаси од мушички, комарци, бубашваби, болви, молци… Колку подолго го оставите пајакот во просторијата во која престојувате, толку помалку ќе гледате други инсекти во домот.
Станува збор за видовите Pholcidae, Тeradide и кафеавиот пајак самотник. Овие пајаци се одлични ловци, па знаат трпеливо да го демнат својот плен токму на местата каде што штетниците најмногу ги има. На овие места ги плетат своите мрежи.
Меѓутоа, доколку и покрај ова не сакате да имате пајаци по дома, немојте да ги убивате. Едноставно префрлете го на хартија и безбедно пренесете го вашата градина.
Фото и текст: Ирена П.