6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Александра Пријовиќ доживеа несреќа на јахтата – можело да биде и полошо

Александра Пријовиќ и Филиш Живојиновиќ не заминаа на меден месец поради закажните настапи на пејачката, но тие се одмараат во Црна Гора каде уживаат на море, но за малку одморот да  им се претвори во пекол.

Како што пренесуваат медиумите, Александра се лизнала на јахтата и се исекла од металниот дел на скалите, поради што завршила во болница.

„Александр и Филип изнајмија јахна за да крстарат низ Јадранот. Меѓутоа, мини медениот месец за малку да се претвори во пекол. Се случи во неколку секунди. Александра тргна да го земе млекото за сончање и во едем момент се лизна, не успеа да се задражи. Бидејќи станува за остар лимен под, таа се исече на десната нога. Филип за тоа време ја подготвуваше јахтата за пловење, а кога Александра вресна, Филип се избезуми.Посебно, затоа што на палубата имаше многу крв“, вели извор кој бил на лице место.

Тој истакна дека му помогнале уште неколку луѓе кои биле заедно со нив.

„Филип ја соблече мајцата и ја преврза раната за да не крвари. Ја зема во раце и ја однесе во болница во Будва. Минувачите ги упатија во приватна клиника каде што им беше укажена помош, вели извор и додава:

„Таа вечер го сретнав Филип и ми кажа дека морале да и ја сошијат раната. Таа има неколку конци на ногата и нема да може да се капе“, вели изворот.

Инаку, во јуни Александра и Филип го кажаа судбоносното „да“ и запливаа во брачните води.

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави