6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

СДСМ со “пу-пу не важи“ одлука: Ќе се гради рудникот Иловица!

По одлуката на Владата на Р.М. за давање на поддршка за продолжување на изградбата на рудникот Иловица-Штука , голем дел од активистите се огорочени и ги потсетуваат СДСМ дека како опозициска партија оддржаа пресконференција на 19.07.2016 во која тие најавија дека секој што ќе го отвори рудникот Иловица-Штука ќе биде обвинет за наштетување на прирордната средина и здравје на граѓаните.

 

 

-Дозволете да се обратам за да го знаете нашиот став и како влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на владата. Ставот на владата е многу логичен, нешто што го чекаат граѓаните. Заради тоа и СДСМ стоеше позади граѓанските организации, поддржувајќи ги во нивното водство, Едно да биде јасно. Лично јас но и владата сме против рудниците и ќе направиме се да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани- рече Зоран Заев на промоцијата на Боро Стојчев како градоначалник на општина Ново село во 2017 година.

 

Сега токму активистите ги прашуваат СДСМ дали сеуште важи нивниот збор, и дали тие самите ќе понесат одговорност за отварањето на рудникот Иловица-Штука во струмичко. Иловица-Штука е само еден од рудниците кои треба да се отворат во Македонија, причина поради која се оддржаа повеќе локални референдуми но и протести против нивното работење.

поврзани објави

Последни објави