3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

МПЗ „Тврдокорни“ до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Не дозволувајте рекомпонирање на Македонија, а партиските интереси ставете ги во втор план

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ кое најави дека нема да биде привезок на ниту една политичка партија и кое се стави во одбрана на, како што велат и самите тие, националните интереси на Македонија, кои според нив се загрозени од страна на сите македонски партии кои се партиципиенти во Собранието, излегоа со соопштение по повод албанските ултиматуми содржани во платформата на албанските политички партии.

Од таму истакнуваат дека секој акт на одење над Рамковниот договор е акт на прекршување на примирјето од август 2001 година.. Тие додаваат дека тоа треба да го знае и оној политичар, кој дал изјава со своевидна најава околу тој договор во Швајцарија и оној другиот, кој според нив, крои планови за правење Влада и кој ќе се обиде со закони и подзакони да подметне одење над Рамковниот договор.

Го пренесуваме интегрално целиот текст од соопштението на МПЗ „Тврдокорни“

ЗА АЛБАНСКИТЕ УЛТИМАТУМИ

Охридскиот рамковен договор е потпишан со цел прекин на воените дејства и примирје во 2001 година. Охридскиот рамковен договор не е договор што е по мерак на Македонците, но за општото добро на сите во државата се спроведува. Во изминативе 15 години од потпишувањето на тој Рамковен договор, партиите на Албанците срамежливо а сега и јавно, вадат платформи и рамки кои одат и над тој договор, со цел целосно поништување на Македонија како наша татковина и создавање на хибриден систем во кој сите ќе го креваат својот национализам, а ние Македонците полека ќе исчезнеме засекогаш.
Секој акт на одење над тој Рамковен договор е акт на прекршување на примирјето од тој Август 2001!
Тоа треба да го знае и оној несреќен политичар, со онаа несреќна изјава во Швајцарија околу тој договор и оној другиот кој крои план за правење Влада и ќе се обиде со закони и подзакони да ни подметне одење НАД РАМКОВНИОТ договор.
Ги охрабруваме двете водечки партии на Македонците да не бидат соучесници во прекршувањето на примирјето и своите партиски интереси овој пат да ги стават во втор план.
МПЗ „Тврдокорни“ и сите здруженија кои се дел од МПЗ „Тврдокорни“ нема да дозволат рекомпонириње на Македонија и ќе им се стават на располагање на сите добронамерни структури кои се спремни да се стават во служба на одбраната на нашата татковина!

oznaka_kruzno

 

поврзани објави

Последни објави