-2.2 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

Иницијатива за спас на Попова Шапка

Попова Шапка, еден од најпознатите зимски туристички комплекси во нашата земја, веќе подолг период е заборавена од државата е заборавен од државата, без никаква инфраструктура, одржување и никаков проект за нејзино модернизирање. По тој повод се формираше граѓанска иницијатива насловена „Да ја спасиме Попова Шапка“. Од одборот денес упатија апел до надлежните органи.

„Ние граѓаните сакаме Попова Шапка да ја гледаме по чиста, уредена со стандарди, по искористена во еколошки туристички рекреативен спортски аспект. Со оваа иницијатива се спротивставуваме на секое лошо што му се случува на овој туристички центар. Собрани во граѓанската иницијатива со мотото „Да ја спасиме Попoва Шапка” ја изразуваме нашата загриженост за уништување на туристичкиот центар во овие 15 години, во кој нема никаква инвестиција, без никаква инфраструктура, одржување, никаков конкретен проект и никакво модернизирање на туристичките капацитети.

Попова Шапка е претворена во трпеза каде што не се знае кој јаде, а кој пие. На ова место секој прави тоа што сака и мисли, краде колку што може, вработува и отстранува од работа кој кого сака, без да се превземе иницијатива за да се обновува, чисти, да биде попривлечна и профитабилна, од здравствен, спортски, туристички и економски аспект“.

поврзани објави

Последни објави