Некој може да се согласува со политиките кои ги води Премиерот Зоран Заев, некој не, но некои работи, едноставно не можат да му се оспорат. Тоа пред се е ајварот “Мамас”, брендот кој семејната фирма на Заеви го разви и го доведе до ниво на светска препознатливост.
Познато е дека “Мамас” со години наназад е најпродаван ајвар во нашата држава, исто така е познато дека “Мамас” години наназад се извезува и на Европскиот пазар, но минатата година се појави видео на една од најпопуларните Американски телевизии “Fox TV”, во кое познатите водителки на своите гледачи им го претставуваат невообичаениот за Американски услови производ – Ајвар.
Видео: