Инцијативниот одбор на Калифорнија кои се залага за отцепување од САД „Калегзит“, доби дозвола за собирање на 600.000 потписи кои ќе бидат потребни за да се одржи гласање за иницијативата во ноември 2019 година.
Калифорнискиот државен секретар на САД, Алекс Падила, ги поддржа иницијаторите на „Калегзит“ по моделот на Брегзит и отцепување на Велика Британија од ЕУ.
Идејата за независност на Калифорнија станува сè попривлечна за многу граѓани на државата по победата на Доналд Трамп на изборите.