Изгледа дека наскоро би можело да дојде крајот на соработката меѓу македонската ракометна федерација и искусниот стратег, Лино Чевар.
Имено, според хрватските медиуми, Червар е број еден фаворит за преземање на хрватската репрезентација од рацете на Жељко Бабиќ. Споре информациите Червар веќе ја прифатил оваа понуда, а негов помошник се споменува Славко Голужа.
Бабиќ во вторник и официјално ќе ја напушти функцијата селектор на Хрватска, а во деновите што следуваат ќе знаеме дали Червар ќе биде неговата замена.