2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бебе..

Има работи кои технологијата не може да ги надомести..
Јебига..
Живееме во свет на компјутери
И на социјални мрежи..
Жими ланскиот ми снег..

Не вредат..
Понекад сакам да неам телефон..
Така ќе ми биде полесно да се справувам со тебе..
Ќе ми биде полесно да те сакам..
Од достапност секој момент ја губам желбата да те слушнам..

Дај ќе ги исклучиме телефоните..
И ќе се договараме за следна средба пет минути пред да заврши оваа..
Ќе биде поромантично..
Поинтересно..
И наместо пораки да си пишуваме писма..
Намирисани..

Не може да биде исто..
И нема да биде..
Исто…

Кога преспа кај мене..
И кај 7 кога сонуваше нешто лошо..
Толку се стресе..
Знам дека ќе ми се јавеше у случај да не бев таму..
Ама сеедно..
Она искрено и исплашено суштество се стисна во мене..
Таа прегратка не ја дава технологијата..

Љубов > Технологија..

Автор: Златко Ѓорѓијоски

поврзани објави

Последни објави