3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Животот на бабичката со цвеќиња од Карпош ќе ви ги насолзи очите

Оваа бабичка продава цвеќиња пред Тинекс маркетот во Карпош 3 и покрај тешката судбината таа вели де цвеќињата ја радуваат. Во статусот кој е објавен на Фејсбук од лицето Горјан Јовановски пишува дека таа останала без ќерката која починала пред 2 години и двете внучиња останале на неа.

-Јас сум тука синко од кога ги поставија темелите на Тинексов. Имам маж 24 години врзан за постела, ќерка ми почина пред 2 години и останаа двете внучиња со мене. За нив го правам ова секој ден, денар да однесам дома. Ништо лошо не направивме во животот, но само несреќа нѐ следи. Но цвеќињата ме радуваат, весели бои се, еве види ги овие, сабајле се берени, свежи!”

По овој муабет и по оваа приказна зарем има некоја друга причина која треба да биде доволна за утре или пак во деновите кои следат да поминете и да купиме цвеќе? Така ќе направиме две добри дела: некого ќе направите среќен со подарокот (цвеќето), а на оваа бабичка ќе и помогнете порано да замине дома и да не треба долго да седи и да мрзне на ладното есенско време., напиша Горјан на Фејсбук.

Локацијата е Тинекс маркетот во населбата Карпош 3, по Лептокарија.

 

поврзани објави

Последни објави