6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

На Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување

Од неофицијални информации се дознава дека на поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување уште пред празниците.

Оваа одлука е донесена врз основа на извршени соодветни безбедносни проценки и заклучок дека екс-директорот на УБК повеќе нема потреба од полициска придружба.

Откако Мијалков ја напушти функцијата во мај 2015 година, тој доби службено полициско обезбедување, кое го користеше се до донесувањето на оваа одлука и тоа поради безбедносни проценки за можен ризик. За таа намена Мијалков имаше на располагање два автомобили и шет телохранители кои се грижеа за неговата безбедност.

Мијалков и на судењата на кои е обвинет од страна на СЈО доаѓаше со полициски возила и со обезбедување од припадници од 6-тата управа на МВР.

ИЗВОР: Трибуна.мк 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -