Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе одржи денеска прес-конференција за новинарите, на која ќе зборува за преговорите за статусот на Косово и другите прашања поврзани за Србија и регионот.
Конференцијата за новинарите претседателот Вучиќ ќе ја одржи во 11:00 часот во зградата на Генералниот секретеријат на претседателот на Републиката.
Ситуацијата на Косово е се потензична како што доаѓа временското ограничување за изнаоѓање решение за јужната српска покраина.
Во сабота, 4. август, истече рокот кој ЕУ го даде на привремените институции на самоуправата во Приштина да на основа на Бриселскиот договор го завршат усвојувањето на Статутот на Заедниците на српските општини.
Тој податок, како и бројни други шпекулации, предупредувања и изјави на косовски лидери имаа влијание на вознемиреност на Србите и страв од можни инциденти.