23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Врвен психолог даде професионална дијагноза на Трамп

Еден од врвните психолози во државата прекрши едно од правилата на етиката во неговата професија и даде професионална дијагноза за претседател Доналд Трамп.

Џон Д Гартнер, психотерапевт, кој предава на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, Мериленд, изјави за US News дека верува дека Трамп има „малиген нарцизам“, кој е неизлечив, болест што се разликува од нарцисоидното растројство на личноста. Гартнер го прекрши „правилото Голдвотер“ во неговата професијата, психологијата, во која соопштување на дијагноза на една јавна личност без личен преглед и без нејзина согласност, се смета за неетичко однесување, пишува Зек Картрајт за usuncut.

„Доналд Трамп е опасно ментално болен и според однесувањето, неспособен да биде претседател“, рече Гартнер, повикувајќи се на неговото движење и однесување, укажувајќи на тенденцијата на претседателот кон грандиозност, садизам, агресивност, параноја и несоцијален модел на однесување.

„Видовме доволно од јавното однесување на Доналд Трамп за сега да можеме да ја дадеме оваа неспорна дијагноза“ – додаде Гартнер.

Всушност, дијагнозата одговара на најновата дефиниција за малиген нарцизам во психологијата која, кога се опишува, звучи како опис на Доналд Трамп речиси до буква. Кери Барон, доктор по медицина, кој напиша текст во списание за малигниот нарцизам, вели дека пореметувањето „ги прави овие лица страшни, опасни и безмилосни“.

Помошниците на претседателот Трамп порано имаа кажано дека нивниот шеф гледа телевизија во прекумерна количина, најмногу од опсесијата за тоа како изгледа во медиумите. Matthew Rosza во Салон го споредил времето на појавување на твитовите на Трамп за теми во вестите и утврдил дека тие се совпаѓаат со емитување на вестите на различни мрежи каде се зборува за истите тие теми.

поврзани објави

Последни објави