Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека решение за проблемот Косово и Метохија е неопходно што побргу и дека е потребно изјаснување на Србите и Албанците за тоа дали е потребен мир или и понатаму убивање за територија.
„Мојот став е потполно јасен и недвосмислен, решение за проблемот ни е потребен и тоа што побргу. Под еден поради што нам ни е потребен долготраен мир меѓу Србите и Албанците, и решение кое би значело создавање на некаков тип на безбедност за нашите граѓани“, рече Вучиќ на прес-конференција за новинарите во Белград.
Со постигнувањето на долготрајна стабилност ќе се подобри доаѓањето на странски инвестиции кои ќе бидат од огромно значење за животот на граѓаните но и за економијата во Србија.