Денеска е Успение на Св. Ана.
Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.
Жените не работат во текот на денот, а некои бдееат цела ноќ додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат велат: Слушам, слушам петле, свое чувам селско збирам“.
Во некои села мајките со женските деца одат околу куќата и фрлаат просо или пепел за да ја сочуваат куќата од зло. Болните жени одат во манастир на молитв, а неполодните одат во конак и таму остануваат три дена.