До самиот крај на оваа недела продолжува сончевото и нормално топло време со умерена локална облачност претежно во попладневните часови кога на планинските места ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, објави метеорологот Славчо Попоски.
Само во четврток ќе пораснат условите за локален развој на нестабилна облачност во попладневните и раните вечерни часови проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер кога ќе има услови и за локално нешто поинтензивни атмосферски процеси.
До самиот крај од неделава максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 доп 36 степени.
УВ индексто ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде од 8 до 9 па затоа бидете внимателни.