Досега заклучив дека нема ништо побезобразно и понепријатно од тоа кога маж и жена се вреѓаат меѓусебно и искажуваат непочитување пред други луѓе, кога се наоѓаат во друштво. А особено, кога ќе се најде некој многу важен кој мисли дека е над сите и приказните што ги раскажува е само за сопствените успеси.
Абре луѓе, оставете си ги вашите несогласувања за меѓу вашите четири ѕида! Луѓе, дај не го правете веќе тоа, на сите ни е непријатно и многу глупо се осеќаме.
Еднаш си седиме така, јас со маж ми и пријателката со мажот и, па доаѓа петти човек на маса, пријател. Нема врска за што се муабетеше на масата, важно пријателкава нешто праша а мажот нејзин одеднаш и се развика да не поставувала глупи прашања, дека била глупача и да не се мешала во машки разговори. Многу беше непријатно, пријателкава поцрвене, ме погледна со срам во очи а на сите нас ни падна многу непријатно. Посебно мене. По некое време и’ реков да станеме малку да прошетаме, не можев да го гледам муж и’.
Ајде од оваа ситација се извлеков некако со тоа што можев да станам. Друг пат бевме кај нив на гости дома. Одеднаш почна да ја навредува, па од убаво седење стана неугодно и горчливо. Овојпат таа се осмели и му возврати, па малку по малку нивната кавга се претвори во вистинска војна.
Имавме слична ситуација со едни пријатели со кои заминавме на одмор. По цел ден уште од сабајле кога ќе станевме ги слушавме како се караат, кој требало да се грижи за децата, чив ред било сега да трча по нив, па на плажа дерење и вриштење, да му падне срам на човек што ги познава. Како им текнува на работи од нафталин да ги вадат и баш тука на плажа кога сме отишле на одмор да ги елаборираат сите нивни гревови.
А едни пак што ги имаме болно љубоморни, секојпат се караат пред нас без око да им трепне. „Каде погледна! Зошто седна таму, за да можеш да се меркаш со оној?! А ти што се поздрави со онааааа како ја гледаше во деколтето, очите ќе ти испаднеа!! А ти што му ги лајкаш фотките и статусите на тооој?!Заљубена си во него??“
И ние знаеме да се чепнеме со маж ми, ама забележав дека тоа го правиме само пред едни исти луѓе. И со текот на времето сфатив дека „пријателот“ неосетно започнува да не буцка зошто ја знае нашата болна точка, а тоа е „моите-твоите“.
Му реков на муж ми да не реагира другпат на провакации и да не си го расипуваме седењето за работи кои ни се жолчни, кои не’ нервираат и за кои беспотребно се караме. Се’ е кажано, нема што да се повторуваме.
Но, не успеавме во тоа и ден-денешен кога сме со истите луѓе ние обавезно се скаруваме пред нив. Затоа почнавме да ги одбегнуваме.
Значи нема нешто понепријатно. Дајте луѓе да се дружиме и убаво да се чувствуваме додека се дружиме. Можеме да си кажуваме смешки, па ете и политика може да спомнеме ама само доколку имаме исти ставови. Кога ќе видиш дека твоите ставови не се согласуваат со тие на пријателите, веднаш затворај ја таа тема и започни друга! Има милион други теми за муабетење!
Нека не ни поминува животот во карање и расправии!
Луѓе сакајте се и дружете се, краток е животот дајте да правиме само убави спомени од него! < 3
Петар П.
Авторски текст, не смее да се превзема и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Поглед