18.8 C
Skopje
Monday, September 9, 2024

Турунџиева со емотивна посвета за веридбата на ќерката: Доста беше тага… Нека биде радост!

Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева со емотивна порака ѝ ја честита веридбата на ќерката Лора.

– Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста.. Нека биде радост! Доста беше тага.. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне – напиша таа.

Лора се вери со Филип Наунов кој ја запроси филмски со огномет покрај базен, а романтичното видео веднаш го сподели и на социјалните мрежи.

Ќерката на Турунџиева првпат се најде во фокусот на медиумите пред две години со емотивното отворено писмо адресирано до нејзиниот татко, поранешниот македонски пливач Александар Маленко со кого подолго време немаше остварено контакт.

Извор: Женски магазин

поврзани објави

Последни објави