3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ИМАШЕ ПЕКОЛНА ГОДИНА: Анабела проговори искрено за последиците со кои се соочила по обидот за самоубиство на мајка си!

Поп-пејачката Анабела Атијас поминуваше низ вистински пекол во текот на деветте месеци за време на кои нејзината постара ќерка Луна Џогани учествуваше во реалното шоу „Задруга“, каде што се сплетка со женетиот пејач Слободан Радановиќ – Слоба, па јавноста и медиумите буквално ја „распнаа“ на столбот на срамот. Како и да е, Луна сепак освои второ место во споменатото реално шоу, додека, пак, првото ѝ припадна на изневерената сопруга на пејачот, поранешната стујардеса, а сегашна пејачка Кристина Коцкар – Кија, која остана без мажот, земајќи предвид дека денес ги потпишаа документите за развод на бракот, но замина со 50.000 евра во џеб и со музички хит, кој ја вивна на самиот естраден врв.

Е сега, иако за време на тие девет месеци Анабела на сите начини ја бранеше својата ќерка, која ја напаѓаа од сите страни, загрозувајќи ја на тој начин сопствената музичка кариера, но и односите со медиумите, кои со години ги негуваше, а да не го споменуваме и бракот со вториот сопруг Андреј Атијас, со кого ја има третата и најмала ќеркичка Бланкица, мнозинството ја прозиваше дека е „лоша мајка бидејќи не успеала да ја воспита својата ќерка да не оди со женети мажи“. А Анабела цело време повторуваше дека таа никогаш нема да го напушти сопственото дете, макар било и најлошо на светот, затоа што е нејзино дете.

Но на јавноста ѝ е помалку познато дека Анабела ја немала таа среќа мајка ѝ секогаш да стои зад, покрај, а и пред неа. Имено, пред неколку години се распространи веста дека нејзината мајка Јадранка Полутак се обидела да се самоубие земајќи голема доза седативи, но благодарение на брзата реакција на сестрата на Анабела, Романела, за среќа преживеа по укажаната лекарска помош.

На медиумите не им е познато зошто Јадранка се одлучила на овој чекор, а Анабела тогаш го изјави следново:

Таа е исклучително силна жена, но сето тоа низ кое помина во животот остави трага врз нејзината душа. Во овој случај, тригер беше токму тоа што го носи во себе, а никогаш не се знае како можат да кулминираат тие негативни чувства. Ова што ѝ се случи на мајка ми ме разбуди од длабок зимски сон. Почнав на некои работи, луѓе што ме опкружуваат, но и на новинарските написи да гледам со поинакви очи. Не ме интересираат баналностите со кои се занимаваат поединци“, изјави Анабела.

Извор: Убавина и здравје

поврзани објави

Последни објави