4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ако не ја одобрат жалбата на пресудата, Груевски во септември оди во затвор?!

Во септември ќе се одлучува по жалбата на Никола Груевски за 2 годишната затворска казна која му ја изрече кривичниот суд – дознава 1Тв од извори во скопска Апелација. Првата пресуда на поранешниот премиер, ја изрече судијката Добрила Кацарска на 23 мај за случајот Тенк, односно за набавката на ултралуксузниот Мерцедес вреден повеќе и од оној на папата.

Пресудата се уште не е правосилна бидејќи Груевски поднесе жалба на пресудата. Како што дознаваме од нашите извори во апелациониот суд, седница за одлучување по неговата жалба ќе има дури во септември, а седницата ќе биде јавна. На нашето прашање зошто Апелација не закажува седница за одлучување по жалбата веќе трет месец, од судот брифираат дека ќе чекаат да заврши судската ферија, односно летните одмори. За осудениот Груевски не беше побарана мерка притвор бидејќи СЈО сметаше дека нема опасност од бегство.

ИЗВОР: 1ТВ

поврзани објави

Последни објави