Изгледаат недопирливо, мажите воздивнуваат по нив, а еве какви се навистина
Дали знаете во кои хороскопски знаци се родени жените кои се тешки за освојување, но кога конечно ќе се препуштат, нема да се покаете што сте се помачиле?
Жени родени во знакот Бик
Дамата Бик е најстабилна од сите. Таа точно знае што сака и како да го добие тоа. Но таа нема да мрдне со прст и нема воопшто да се нервира ако партнерот не сака да се потруди околу неа. Таа едноставно ќе си отиде, како вистинска дама. Најважно и’ е уживањето, сака партнерот да и’ угодува, да излегува често, да оди во ресторани… Ако сакате да ја освоите, знаете што треба да направите – не дозволувајте да и’ стане здодевно. Таа бара мир, а не стрес, па ако мислите дека не можете да и’ овозможите мир и стабилност, подобро да не ни започнувате врска.
Жени родени во знакот Девица
Дамата Девица има променлив карактер. Не дозволува некој да ја лаже и лесно може да препознае што е вистина, а што не е. Темелна е и има многу барања, а тоа го очекува и од мажите кои и’ се додворуваат. Ако не може да разговара за сè со партнерот, ако не и’ се додворува сестрана, интересна личност, нема да покаже интерес и нема да возврати на флертот. Се вљубува во партнери кои се посилни од неа, кои можат да и’ бидат поддршка и потпора.
Жени родени во знакот Јарец
Дамата Јарец е стабилна и мирна, но и тврдоглава. Таа најлесно ги добива работите што ги сака, само затоа што е трпелива. Партнерот мора многу да се потруди за да ја освои, а потоа и за да ја задржи. Таа никому нема да му прогледа низ прсти. Таа е дама која е традиционално воспитана и такви вредности негува. Нејзе и’ е важно полека да ја гради врската и да станува сè подобра. Многу е верна, а тоа го очекува и од партнерот.