-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вест Хем го уцениле Паје да ја врати јануарската плата

Интересен податок протече низ британските медиуми, околу трансферот на Димитри Паје од Вест Хем во Олимпик Марсеј.

Како што пренесува „Скај Спорт“, Вест Хем побарале од нивниот веќе поранешен фудбалер да ја врати јануарската плата, затоа што несакал да игра за тимот и барал да замине во Марсеј.

За да го сторат тоа, „чеканите“ го условиле фантастичниот француски репрезентативец дека нема да ја прифатат понудата на Марсеј.

Имено, Паје неделно заработуваше 125 илјади евра, а месечната плата која ја вратил изнесувала негде околу половина милион евра. Тој синоќа во доцните часови и официјално потпиша за Марсеј.

поврзани објави

Последни објави