Популарниот шпански актер, Антонио Бандерс бил пренесен во болница како итен случај во Велика Британија. Според информациите од „Сан“, 56 годишниот шпанец почувствувал болка во градите.
Бандерас во текот на 2015 година се пресели во Англија, а како што пренесуваат медиумите, тој за време на тренинг осетил силни болки, и веднаш бил хоспитализиран во најблиската болница.
Од болницата за британските медиуми потврдиле дека актерот е надвор од животна опасност и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување. Во разговор со новинарите, Бандерас оваа случка ја нарекол „епизода од животот“ и им се заблагодарил на лекарите што му го спасиле животот.
Антонио Бандерас во својата кариера има снимето многу филмови, а еден од најпопуларните му е „Легендата за Зоро“.