13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Арно е во Македонија, тука кај нас е тешко, ич не идете

Низ градот може да се забележат автомобили со странски регистарски таблички, летото е периодот кога сите пеџалбари се враќаат во татковината за да си ги посетат роднините и да истераат одмор. Сите имаме роднини во странство. Некои поблиски, некои подалечни…

„Не е веќе Америка тоа што беше, други времиња се сега”, „Арно е во Македонија, тука е тешко ич не идете”се речениците кои роднините од странство ги кажуваат како од пушка штом малку осетат дека се интересирате за преселба. Не сакаат обврска, мислат дека ако побарате помош од нив сте товар врз нив…они се друго, биле амбициозни, упорни и се по ред, па затоа се снашле…ама ти…кој ќе те носи на грб. Ви изгледаат ли променети, како да заборавиле од каде дошле? Очекувате ли да ви донесат подароци кога доаѓаат на гости?

-Нашиве кумови, заминаа Шведска доаѓаат секоја година, се фалат убаво им е. Секогаш ми купува нешто од таму и секогаш е нешто што се гледа дека го купувала за мене, а не како си купиле за нив не им се допаднало, па ајде ќе ти го даде колку да се речи. Еве пример претходната година ми донесе преубава H&M фармрки и блуза, вели Драгана од Бутел.

-Мене кај родниниве ме нервира што се жалат и кукаат колку им е лошо во странство, па викаат седете си деца вие тука, не си ја барајте бељата, баш убав живот си живеете. А, тој секое лето се шета кај ќе му текне има голема куќа, три кола и мене ќе ми кажува седи си. Па што си отишол ако ти било убаво, или пак ајде, врати се и живеј си тука. Кога веќе ќе отидат некако се губи билизината и се менуваат луѓето, вели Дарко од Кисела Вода.

-Јас има роднина во Швајцарија, прв братучед, пред една година ме викна на гости за да видам, прошетам и да си ја пробам среќата. Многу сум благодарен за гостопримството, многу ми помогна, и ова лето планирам пак да заминам и да пробам да останам, вели Гоце од Лисиче.

-Имам роднини во Германија, Канада и Америка. Доаѓаат на по 2-3 години. Кај нас се сместуваат и ги пречекуваме како цареви. Само тетка ми од Канада ми плати пат да одам на гости и таму убаво ме прошетаа. Не ми се допаѓа животот таму, многу се луѓето изолирани, по цел ден на работа, ама имаат пари, раскажува Ана од Карпош.

-Сестра ми е во странство. Првите 2-3 години, се мислеше за враќање, па ај ќе остане додека добие пасош… И следна сцена, по 7 години после заминувањето. Шетаме низ град, а таа не престанува да коментира – како кучињата без маски ги шетале, како тревниците не биле средени, како се бутале луѓе преку ред за се… и викам – Извини сестричке, ти каде живееше 26 години? , вели Убавка од Аеродром.

Извор: mk-in

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави