Статус на Зоран Божиновски:
“СТОКО НЕКРМЕНА И КОРУМПИРАНА, СТОКО ДО КОСКА РАСИПАНА!!!
Пет години, од 17 септември 2013, под празно обвинение за најтешки кривични дела против мене, а без ниту еден доказ во две истраги, СУМ ВИ ДОСТАПЕН! И во Србија ви бев достапен на ПОЗНАТИ адреси и во РМ сум ви достапен 15 месеци во притвор и после 14 јули 2017 на исто така познати адреси. Во Србија под мерки за претпазливост после екстрадициониот притвор имав 37 пријави во ПУ Нови Сад, кај инспектор определен за тоа. Во РМ од минатата година после 14 јули имам редовна пријава во судот во Куманово, а после нова година во Скопје.
И ПАСОШ СТОКО НЕКРМЕНА И КОРУМПИРАНА, СТОКО ДО КОСКА РАСИПАНА – не ми давате!!! Не давате внуците и децата да си ги видам, како да сум ја кренал РМ во воздух и сум ликвидирал стотици недолжни луѓе, а НЕ СУМ. Само ве подсетувам секојдневно колку сте РАСИПАНИ и КОРУМПИРАНИ…
ЗОРАНЕ ЗАЕВ, искрено жалам што повеќе не личиш ниту од далеку на оној ЗОКИ во кој верувавме и се колневме, за кој живот дававме и бевме непоправливо убедени дека ТИ си тој што ќе му стави крај на ова уништување на РМ и мое лично. ТЕ ПОВИКУВАМ ЈАВНО ДА СИ ПОДНЕСЕШ ОСТАВКА ОД ТЕЛОТО ЗА РЕФОРМИ НА ПРАВОСУДСТВОТО, на дело докажа дека си АНТИРЕФОРМСКИ ориентиран. Како економист не ти е местото на таа функција, а не ти е место таму и како сеуште правосилно неослободен од обвинение за тешко кривично дело за што верувам дека не си виновен. Ама си во процедура, што е неспоиво со извршување челна функција во телото за реформи на правосудството. Продолжи си да ја извршуваш премиерската функција. Ако можеа ЉУБЧО и ДАРАВЕЛСКИ, ако можеа ЧУДОВИШТЕТО и БРАТУЧЕДИТЕ, можете и ТИ и КОЧО, со помош од ШЕКЕРИНСКА, сите под диригенција на АЦА АНТИЌ и лопужата БУЈАР…
Од овој момент ја немаш веќе мојата поддршка. Дефинитивно ТЕ ПОКЛОПИЈА и ставија под СТАКЛЕНО ЗВОНО. Наскоро, ТВОИТЕ политички ќе те егзекутираат и ќе те фрлат в кал. Почнуваш да не им требаш и да им тежиш. За да си го ублажиш скорешниот ,,бродолом,, барем од денес, од овој момент престани да го слушаш РОБЕРТ ПОПОВСКИ…
КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА…”