fbpx
11.8 C
Skopje

Петар Богојески повторно со различен став од партискиот – или можеби ова ќе биде ставот на ДПМНЕ?

АКТУЕЛНО

Петар Богојески, реформаторот во време на Груевски, кој излегуваше на прес конференции и остро го напаѓаше тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, подоцна, по повлекувањето на Груевски и доаѓањето на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата, речиси преку ноќ, тој и неговите “реформски” истомисленици беа кооптирани во структурите на партијата.

Така Богојески го доби местото Заменик Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Но од самиот почеток, во неговите јавни настапи, Богојески како да тера некоја своја агенда, поинаква од актуелните ставови на партијата. Такаов барем впечаток се добива, иако тој невешто се обидува да го негира тоа.

На 2. Август, по немилите сцени на Мечкин Камен, Богојески во својата реторика беше на иста страна со актуелната власт, на што многумина од десницата му забалежаа.

Синоќа тој на својата фан страна објави фотографија со коментар: НАТО ИЛИ СДСМ. И повторно, во коментари беше остро нападнат од приврзаниците на десницата, чиј што формален припадник е и тој, но и од оние кои не го поддржуваат референдумот.

На страна фактот што официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ е дека за тоа како ќе го повикаат членството да гласа и дали воопшто ќе го повикаат, или ќе се одлучат за бојкот, ќе кажат на десетти септември.

П.П.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -