fbpx
11.8 C
Skopje

ФОТО: Се венчале во болница, чекајќи ја смртта на својот син

АКТУЕЛНО

Челзи и Џеф Кимел се двајца среќно вљубени млади, кои планирале да направат венчавка во 2018 година, но плановите ги промениле поради својот двегодишен син.

Малиот Логан боледува од тумор на мозокот во напредна фаза, па деновите му се избројани. Поради тоа, неговите родители решиле да се венчаат во болница, а на церемонијата да присуствува и Логан.

„Ја направив сликата додека тие одеа кон собата на Логан. Оваа гледа е необјасливо тажна, но говори за љубовта, храброста и способноста кога и во најтешките моменти се бара парче среќа“, изјавила бабата на Логан, мајка на невестата.

И покрај надежите дека Логан ќе и одговори на болеста, неговата ситуација драстично се влошила во последната година, поради што било јасно дека туморот е во напредна фаза и не постои шанса за лекување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -