fbpx
7.8 C
Skopje

Собранието го известило Иванов дека Груевски не успеал да состави Влада

АКТУЕЛНО

Собранието на Република Македонија, денес и официјално го известило претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека мандатарот Никола Груевски не успеал да формира влада, пренесува порталот „СакамДаКажам“.

Во соопштението на Собранието стоело дека мандатарот Никола Груевски нема поднесено барање за составување на новата Влада, ниту пак програма, во одредениот временски период, поточно синоќа до полноќ.

„Одговорено му е на претседателот Иванов“, изјавиле од собраниската служба за порталот „СакамДаКажам“.

По добивањето на известеувањето од Собранието, Иванов ќе започне консултации со надлежните институции и политичките партии, а претходно во 14 часот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, јавно го повика претседателот на државата да му го предаде мандатот, убеден дека ќе успее да состави влада. Тој исто така порача дека секој друг чекор би претставувало кршење на уставот и злоупотреба на претседателската должност.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -