Знам, ќе речете дека сум луда, ама дечко ми од К.Паланка е вампир и знае сè што правам, дури и кога не сум со него
Молам за помош, разберете ме луѓе! Почнав по цркви да одам, барам помош од свештени лица, од бајачи и гатачи, за мене спас нема! Но тој знае сè! Што и да направам! Не ме тепа ама нешто друго ми прави од што го губам здравјето. Веќе сите забележуваат и ме праќаат на лекар да се испитам. Таму, на општ преглед ми велат дека сум здрава, а анализата на крв покажува дека сум многу анемична.
Еден поп ми даде осветен крст да го носам околу вратот и ми кажа кои молитви да ги кажувам секој ден, најмногу исусовата молитва, ама ништо не помогна, а крстот морав да го фрлам зошто тој така ми рече.
Луѓе помош! Како хипнотизирана сум! Тој владее со мојот ум, знае што правам и што мислам дури и кога не е со мене. Немам повеќе сопствена волја туку ги исполнувам неговите желби!
Го запознав пред една година и девет месеци во еден ресторант. Бев со сестра ми и зетот, ја славевме нивната годишнина од брак, кога одеднаш се појавија некои пријатели на зетот, па и тие ни се придружија на маса. Тој очите не ги одвојуваше од мене. Јас чувствував цело време некоја топлина, некои вибрации низ целото тело, не можам да ви го објаснам тоа.
Уште истата ноќ бев негова и оттогаш сме заедно. Се отуѓив од сите и целото мое внимание му го посветувам нему. Тој често патува, но кога ќе се врати знае сè што сум правела, со кого сум била, па дури и што сум мислела. Ако мислам на пример на моето куче кое пред неколку години ми исчезна, и тоа го знае. И ова сега што ви го пишувам, и за ова знае.
Чувствувам во утробата. Ме напаѓа и кога не сум со него, ми ја црпи енергијата. Чувствувам вртоглавици и ми се лоши. Имам силно срцебиење и болки на левата страна, а навечер имам несоници или сонувам кошмари, гробови и вампири.
Знам дека дечко ми е вампир, истражував на интернет. Висок е и слаб, постојано носи одела, има шилести уши а на долниот дел како да му се отечени. Носот му е тенок и долг а некогаш жими сè му се продолжува по малку. Очите му се црни, поцрни не можат да бидат и некако вдлабнати, а погледот продорен. Често патува во Бугарија, а во Крива Паланка купи стара куќа, на излезот, после еден месец откако ме запозна мене.
Нашата врска ја држиме во тајност, а јас не смеам да се гледам со никој друг освен со него кога ќе се јави. Јавноста знае дека сме пријатели, но јас веќе сум очајна и барам спас. Не можам никако да му раскинам, тој како да стана дел од мене. Ве молам, ве молам, ослободете ме од ова зло! Тој го има опседнато моето тело, мојот мозок, мојата крв, моето сè!
С.П.
Името и презимето познати на редакцијата на Галама. Авторски текст, превземен со согласност од редакцијата на Галама.