Терористички напад извршен во џамија во Квебек, Канада, каде најмалку шест лица се убиени, додека осуммина се повредени, откако вооружено лице отворило оган кон толпа народ.
Овој настан веднаш беше осуден од страна на канадскиот премиер Џастин Трудо, додека портпаролот на полицијата веќе информираше дека се упасени двајца осомничени.
„Во Канада и муслиманите се дел од националното ткиво, за вакви акти нема место во нашите градови и заедници“, истакна Труци, премиерот на Канада.
Поради ваквиот напад, повеќе градови во САД и Канада веќе преземаа безбедносни мерки околу џамиите. За овој чин градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио информираше и преку Твитер, тврдејќи дека полицијата е подготвена да се спротистави на омразата и предрасудите.