Периодов на територијата на Македонија во полн ек е ловната сезона на дивеџ. Многумина ловци токму недела го користат како ден за овој може да кажеме еден вид спорт. Но еден таков лов во текот на вчерашниот ден за малку ќе завршел кобно за жител на село Крупиште.
Имено во текот на вчерашниот ден, 29.01.2017 година околу 13.00 часот во атар на с.Крупиште-општина Карбинци, на м.в.„Жигански дол“, Д.М. (51) од с.Крупиште, кој бил на лов, при обид да ја симне ловната пушката од рамо, истата испукала и го погодила во десното стапало. На Д.М. му била укажана медицинска помош во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.