fbpx
9.8 C
Skopje

Бидете претпазливи, птичји грип се шири во Македонија

АКТУЕЛНО

По три дена испитување, првите резултати говорат дека во струшкото село Моришта има жариште на птичји грип, станува збор за поттипот A H5N8, а надлежните препорачуваат на зголемена внимателност.

Овој поттип на птичји грип воопшто не е опасен по луѓето, но затоа на тапет е живината. Тој брзо се шири и може да нанесе големи економски штети во државата.

Од страна на надлежните веќе во соработка со жителите на околните села преземаа иницијатива за внимание, и им порачуваат на време да ги пријават заболените животни, за подоцна да бидат навремено и уредно исплатени при обештетата.

Вирусот е пренослив од дивите птици, се јавува по 21 ден инкубација и се карактеризира со висока стапка на смртност.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -