19.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024

За да се отвори гласачко место во македонските ДКП во странство треба да се пријават десет гласачи

Нема пропуст во процедурата за пријавувањето на дијаспората за гласање на претстојниот референдум на 30 септември, велат од Државната изборна комисија.

За да се отвори гласачко место во македонските дипломатски конзуларни претставништва (ДКП) во странство, треба да се пријават само десет, а ако има пријавено илјада гласачи, се отвора дополнително гласачко место во истото ДКП. На сите ќе им биде овозможено да гласаат“, изјавија од Државната изборна комисија за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Дел од македонската дијаспора која живеае во Австрија, на социјалните мрежи реагираше дека може да им биде оневозможено да гласаат во ДКП на претстојниот референдум, бидејќи во соопштението од македонската амбасада во Виена стоело дека за да се овозможи гласање, потребно е да се пријават илјада гласачи. Поради несигурното гласање, дел од нив купиле карти за да можат да гласаат во Македонија на референдумот.

И од владата и од Министерството за надворешни работи изјавија дека недоразбирањето е надминато, реагирано е на време и корегирана е грешката во соопштението.

Најголем дел од пријавените за референдумот се иселеници од Швајцарија и од Австрија.

поврзани објави

Последни објави