Бомбастичната најава на милијардерот Илон Маск , кој напиша на твитер дека размислува повлекување од берзите , му донесе тужби од инвеститорите.
Маск минатата недела најави дека размислува повлекување од берзите на неговата компанија за производство на електрични автомобили , што резултираше со тужба од неговите инвеститори , кои поради објавата загубиле милиони од падот на акциите на берзите.
Тој порача дека размислува за делистирање на ,,Тесла” , оценувајќи дека тоа би бил најдобар потег и пат кон иднината за компанијата. Маск изјави дека инвеститорите го поддржуваат планот , за кој е потребно да гласаат акционерите. Рече и дека на секој акционер му биле понудени по 420 долари за акција , за петтина повеќе од сегашната цена.
Доколку се оствари , тоа би била најголемата трансакција во историјата , вредна 72 милијарди долари. Поради оваа најава тој ден цената на акциите скокна за 11 проценти , на речиси 380 долари. Иако цените веднаш потоа паднаа , некои инвеститори , кои и претходно работеа на падот на цената на акциите на Тесла , го обвинија Маск за лажирање на пазарот.
Тврдат дека Маск при објавувањето на делистирање на Тесла за 420 долари по акција , не навел од каде би дошле тие пари и поради неговата најава изгубиле милиони долари.
Тие го тужат Маск дека ги прекршил сојузните закони на САД за хартии од вредност и вештачки ја подигнал цената на акциите на Тесла.